Одбојкарската репрезентација на САД го освои златниот медал на Светското првенство во женска конкуренција. Американките во финалето ја победија Кина со 3:1 во сетови (27:25; 25:20; 16:25 и 26:24). Мала утеха за кинеската репрезентација е покрај тоа што го освоија сребрениот медал и истиот број понеи 94:94.
Во дуелот за третото место Бразил го победи домаќинот Италија со 3:2.
За МВП (најкорисна одбојкарка) е прогласена Кимберли Хил (САД).
Ова за селекцијата на САД е прв златен медал во женска конкуренција на светските првенства.