Еболата потврдена кај уште еден пациент во Далас

Од:

Прелиминарните тестови потврдија дека медицинскиот техничар, кој се грижел за пациентот што почина од ебола во Презвитеријанската болница во Далас, е позитивен на вирусот на оваа заразна болест, соопшти денеска Службата за здравствена заштита на американската сојузна држава Тексас.

Заболениот медицински техничар бил хоспитализиран во петокот со покачена телсна температурта, по што е ставен во карантин и подложен на тестирање.

ebolatexas

– Знаевме дека втор случај (на ебола) може да биде реален и се подготвивеме за таа можност, изјави тексашкиот комесар за здравство Дејвид Лејки.

Либерсики државјанин заболен од ебола почина во Презвитеријанската болница во Далас на 8 октомври. Тоа беше прв потврден случај на ебола во САД.

Лејки најави дека сите оние кои биле во контакт со медицинскиот техничар се ставени под мониторинг.

Од ебола во државите во западна Африка досега починаа 4.033 лица, а над 8.300 се инфицирани од вирусот на оваа заразна болест. Од еболата најтешко се погодени Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а случаи на починати од болеста се регистирани и во Нигерија, Сенгал, Шпанија и САД.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев