Слободан Ќ.(79) од скопската населба Драчево загинал вчера во сообраќајна незгода во Виничко откако тракторот во кој се наоѓал како совозач, излетал од локалниот пат село Блатец – манастир „Св.Ѓорѓија“.
Како што соопшти МВР, незгодата се случила на местото „Манастирец“. Со тракторот „ИМТ“ со штипски регистерски таблички, управувал А.Д.(75) од село Блатец кој се здобил со тешки телесни повреди и веднаш е пренесен во ЈЗУ-Виница. Поради сериозноста на повредите А.Д. е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.