Наградата „Бајо“ за воени дописници за фотографија му беше доделена на еден новинар на агенцијата АФП, на „Тајмс“ за пишуваниот печат, на француското радио „Франс Интер“ за радио и на Би-би-и и АРТЕ за телевизија, за нивните репортажи во Бахерин, Сирија и Централна Африка.
Трите од седумте доделени награди се однесуваат на репортажи на Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.
Меѓународното жири, претседавано од Џон Рандал, го награди Мохамед Ал-Шаик од АФП за неговата фото репортажа во Бахреин „Мнозинските шиити ги продолжуваат протестите против власта“.
Во категоријата пишуван печат, наградата му беше доделена на Антони Лојд за репортажата објавена во „Тајмс“ која фрла светло врз големите тешкотии на новинарите да го покриваат конфликтот во Сирија. Неговата репортажа беше насловена „Мислев дека Хаким ни беше пријател. И тој пукаше во мене“.
За телевизиската долга репортажа наградата ја доби Марсел Метелсиефен дифузирана на Арте „Сирија: живот, тврдоглаво“, а во категоријата кратка репортажа наградата ја доби Лизе Дусе за нејзината репортажа за градот Јармук во Сирија, дифузирана на ББС.
Од радио репортажите жирито ја издвои таа на Оливие Пужад од Франс Интер за „Операцијата Сангарис во замката на Банги“.
Наградата за млад воен репортер за фотографија, оди во рацете на Алексеј Фурман за украиснката криза.
Трофејот за Веб новинарство му е доделен на Жерлад Холубовиц, Олга Кравец, Мариа Морина, Оксана Јушко, Ана Шпакова посветена на Грозни, а објавена во Медијапар – Полка Магазин.
Вкупно 55 репортажи од 250 добиени беа преселекционирани за седумте награди, кои ги доделува жирито од четириесетина меѓународни новинари.