Анкета на Центар: 75,8% од анкетираните центарци се против 10-катница на Водно

Од:

Мнозинството граѓани ја подржуваат иницијативата на градоначалникот Жерновски за распишување на референдум за битните прашања за граѓаните на општина Центар. На прашањето: „Градоначалникот на Центар најави одржување на референдуми за битни прашања и одлуки за општината. Дали сметате дека ова би била добра пракса?“, мнозинството од испитаниците, односно 76,2% смета дека таквата пракса би била добра, 15,2% смета дека тоа не би била добра пракса, додека 8,6% не дале одговор.

slide-centar-anketa (2)

Во продолжение, на анкетираните им беше поставено прашањето: Доколку се одржи референдум со прашање: Дали да се постави барокна фасада на Градскиот трговски центар, како би гласале: За или Против барокна фасада? Добиени се следниве одговори: 68,1% од граѓаните се изјасниле дека би гласале против поставување на барокна фасада на ГТЦ, 22,1% би гласале за поставување на барокна фасада, 8,8% сеуште не знаат како би гласале или одбиле да одоговорат, додека 1% рекле дека нема да гласаат на референдумот. Според истражувањето, 37% од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против барокната фасада на ГТЦ, која е проект на ВМРО-ДПМНЕ.

slide-centar-anketa (3)

Слична е поддршката за градоначалникот во одлуката да не се гради десеткатницата на Водно која предизвика бурни реакции во јавноста.

На прашањето: Дали залагањето на градоначалникот Жерновски да се спречи изградбата на десеткатницата на Водно вие го подржувате или не го подржувате?,добиени се следниве одговори: 75,8% од граѓаните се изјасниле дека го подржуваат Жерновски во напорите да се спречи оваа градба, само 11,7% рекле дека не го подржуваат градоначалникот, односно сметаат дека десеткатницата треба да се гради, додека 3,6% не се запознаени со случајот или не дале одговор. Притоа, според прикажаното истражување, 53% од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против десеткатницата која е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а 22% се за нејзина изградба.

slide-centar-anketa (1)

Резултатите од одговорите на претходните прашања претставуваат изненадување во делот на гласачкото тело на владеачката партија затоа што за првпат и гласачите на ВМРО-ДПМНЕ се свртеа против проектите на својата партија, велат од општината Центар.

Истражувањето за потребите на општина Центар било извршено минатиот викенд (4-ти и 5-ти октомври 2014-та) и го реализирала агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 850 испитаници-жители и гласачи на општината. Податоците се собирале по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесувала +/- 3,3%.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории