Снимав инсерти од настаните на првата линија на фронтот од Алепо, Сирија. Бев на терен со луѓето на Ноор Ден ал-Зенке батаљонот, на два блока растојание од владините сили.
Ова тесната уличка стана импровизиран дом за луѓето. Столици земени од напуштените домови формираат место за разговор и пиење чај. Оброците подготвени на трева се пијат на средина на улицата. Спиевме во една соба на долниот кат во случај на воздушни напади. Набљудувачи беа поставени на аглите на секоја улица за да видат и да ги слушнат новите снајперски позиции и приближувањето на војници и тенкови.
Ова утро, луѓето беа опуштени и се шегуваа наоколу за тоа како ја исчистија нивната област од тенковскиот напад во претходниот ден. Тогаш , тие беа подготвени и тенкот отворил оган многу кратко. Овој пат, нападот дојде со мало предупредување.
Како што облакот од чад ја зафати улицата ние потрчавме назад и возбудено ги чекавме другите да избегаат преку правта и остатоците. Но, никој не дојде. Во тој дел од секундата, тројца мажи станаа здробена крвава маса.
По неколку минути на дезориентација, пристигна возилото за транспорт на телата. Преживеаните ја измија крвта и месото со трогателно чистење.
Нови борци дојдоа да ги превземат нивните места. И битката продолжи.
Од лево кон десно: Иса Ајшах, 30, татко на три деца, неговиот помлад брат Ахмед, 17, и Шеик Мамуд, 42, татко на новороден син, се смееја и шегуваа додека ја чистеа улицата во саботата.
Доаѓа известување дека бил забележан тенк во близина. Мажите веднаш го зграбија оружјето.
За неколку секунди експлодира тенковска граната.
Остатоци и чад ја исполнија улицата околу 30 метри наназад – покривајќи ме мене и камерата со прав.
Овој човек беше единствениот преживеан.
Тој избега со повреди.
Тоа траеше неколку минути пред прашината да се расчисти доволно за да се провери за други преживеани, но немаше што друго да се стори.