Женската ракометна репрезентација на Македонија, попладнево во Гросето ќе го одигра возвратниот натпревар против Италија, во квалификациите за Светското првенство 2015 година.
Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев ќе треба да го поправат впечатокот од првиот дуел кога во Скопје пред три дена беа поразен со три гола разлика 20:23, иако по првиот дел имаа и три гола предност (14:11).
Средбата меѓу ракометарките на Италија и Македонија која се игра рамките на третата квалификациска група ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Покрај овие две селекции во оваа група е и репрезентацијата на Исланд, против која македонските ракометарки ќе играат на 3 и 6 декември, прво во Рејкјавик, а потоа во Скопје.
Потсетување, дека само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман во баражот.