По седум години Германија поразена во квалификациите за ЕП

Од:

По речиси седум години фудбалската репрезентација на Германија е поразена во натпревар од квалификациите за Европско првенство.

Репрезентацијата на Полска славеше победа против актуелниот светски шампион Германија, во натпревар од квалификациите за ЕП 2016 година.

На средбата одиграна синоќа во Варшава, фудбалерите на Полска ја победија Германија со 2:0. Стрелци на головите за Полска беа, Аркадиуш Милик во 51-минута и Себастијан Мила на две минути пред крајот на натпреварот (88).

Ова е прв пораз на Германија по 14 одиграни квалификациски средби за ЕП. За последен пат „панцирните„ загубија евро-квалификациски натпревар од Чешка (0:3), и тоа на 17 октомври 2007 година на дуелот одигран во Минхен.

Комплетни резултати од натпреварите одиграни вчера.

Група Д: Шкотска – Грузија 1:0, Р. Ирска – Гибралтар 7:0 и Полска – Германија 2:0.

Табела: Полска 6 бодови, Р. Ирска 6, Германија 3, Шкотска 3, Грузија 0 и Гибралтар 0.

Група Ф: Романија – Унгарија 1:1, Северна Ирска – Фарски Острови 2:0 и Финска – Грција 1:1.

Табела: С. Ирска 6 бодови, Финска 4, Романија 4, Унгарија 1, Грција 1 и Фарски Острови 0.

Група И: Ерменија – Србија 1:1 и Албанија – Данска 1:1.

Табела: Данска 4 бодови, Албанија 4, Србија 1, Ерменија 1 и Португалија 0.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски