Нов пораз на Металург во Лигата на шампиони

Од:

Македонскиот ракометен првак Металург го претрпе и третиот пораз во новата сезона од елитната Лига на шампиони.

На гостувањето во Загреб, Металург е поразен од хрватскиот шампион Прво плинарско друштво Загреб со 19:17.

По почетните 2:0 екипата на ППД Загреб ја одржуваше оваа разлика се до крајот на полувремето кое го доби со 10:8, но и во првите осум минути од вториот дел, односно до 38-минута кога водеше со 13:11.

Следуваше период во кој македонскиот шампион постигна четири, а неприми ниту еден гол за пресврт и водство на Металург од 15:13 во 43-минута.

Бројните грешки (вкупно 13) придонесоа избраниците на Лино Червар брзо да ја загубат предноста, па на крајот загрепчани сосема заслужено се радуваа на победа со 19:17.

Најефикасен на натпреварот беше домашниот ракометар Златко Хорват кој постигна 9 голови, додека за Металург, Лука Циндриќ беше стрелец на 4, а Павел Атман постигна 3 гола.

По овој пораз, Металург останува на дното на табелата во А групата, во која вчера германскиот Кил славеше победа на гости против Мешков Брест со 25:24, а утре својот натпревар од ова коло ќе го играат ПСЖ и Ла Риоха.

Ова беше и единствениот натпревар од Лигата на шампиони кој се игра денеска.

Преостанатите средби на програмата се утре, меѓу нив и натпреварот во СЦ „Јане Сандански„ од 19 часот и 30 минути во кој македонскиот вице-првак Вардар го пречекува германскиот тим Рајн Некар Ловен.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска