Најмалку 11 лица загинаа, а 26 се ранети во силна експлозија северно од Багдад.
Според првичните информации, бомбаш-самоубиец се разнел на пазар, каде имало стотици цивили, на околу 28 километри од престолнината меѓу градовите Тармија и Мишахда.
Реонот често е сцена на судири меѓу владините сили и борците Исламска држава (ИД).