Потребно е:
За кора:
6 белки
7 лажици шеќер
1 дл. масло
7 лажици брашно
½ пециво
50 гр. сецкано црно чоколадо
За фил:
6 жолчки
6 лажици шеќер
125 гр. путер
150 гр. црно чоколадо
1 лажица екстракт од ванила
100 гр. еуроблок чоколадо
Подготовка:
– За кората: се матат белките со шеќерот се додега не се добие густа смеса.
– Потоа во садот се додаваат останатите состојки и се мати кратко време, се додека не се добие хомогена смеса.
– Смесата се пече во намастена тава, на хартија за печење, на 200 степени.
– За кремот: жолчките се матат заедно со шеќерот на пареа за да се направи крем.
– При самиот крај на готвењето се додаваат чоколадото и путерот.
– Убаво се меша и со врелиот крем се прелива топлата кора.
– Кога ќе се олади колачот се посипува со рондана еуроблок чоколада.