Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека во неговата земја се изведува збогатување на ураниум до 20 проценти, за да се обезбеди гориво за нуклеарен реактор за медицински потреби, а не за правење бомба.
Збогатувањето на ураниумот е врз основа на меѓународното право и ние нема да го правиме тоа доколку големите сили и Меѓународната агенција за атомска енергија не снабдуваат со него, додаде Ахмадинеџад, истакнувајќи дека тие не го прават тоа.
Тој нагласи дека не очекува „чудо“ од претстојната средба на таканаречената П5+1 група, закажана за идниот месец во Москва.