Честитка за 11 Октомври од претседателот на Собранието Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во свое и во име на пратениците им го честита на макеоднските граѓани празникот 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Овој датум е длабоко втемелен во нашата колективна свест, како празник на нашата држава и нација и ден кога уште еднаш потврдуваме дека сме цврсто насочени кон создавање на слободна и независна Македонија. Македонските борци се жртвата, но и доказ дека овој народ непоколебливо се бори за надминувањето на сите обиди за изчезнување на македонскиот национален идентитет. Во таа херојска и безрезервна борба загинаа многу херои, но не згасна нивното дело и цел – еден ден нивните поколенија да живеат во слободна и суверена Република Македонија, пишува во честитката на Вељаноски.

– Нашата историска и вековна борба ни дава мотив да продлжиме кон градењето на просперитетна и модерна држава, во која сите граѓани без разлика на вера, јазик и култура ќе живеат сплотено и обединето, градејќи ја Република Македонија во држава на која ќе сме горди ние и генерациите што ќе следат, стои во честитката на претседателот на Собранието. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет