Уште три лица со симтоми на хеморагичната треска ебола се ставени под посебен надзор во болницата „Ла Пас – Карлос Трети“ во шпанскиот главен град Мадрид.
Со ова бројот на лица кои се хопситализирани во мадридската болница со симтоми на ебола се искачи на 17, соопшти Специјалниот меѓувладин комитет, формиран од страна на шпанската Влада за следење на состојбата со болеста.
Трите лица биле во контакт со 44-годишната шпанска медицинска сестра Тереса Ромеро заболена од ебола, која најверојтно се инфицирала со вирусот на оваа болест при лекувањето на еден од двајцата мисионери кои заболеа во Африка и потоа починаа во болница во Мадрид.