(ВИДЕО) Ѓеоргиевска: Власта треба да престане со притисоци и заплашувања

Од:

Стечајците повторно излегоа на протести да ја потсетат владата дека нивното прашање сеуште не е решено. Лидерката на стечајците, Лилјана Ѓеоргиевска предупреди дека власта треба да престане со притисоци и заплашувања врз стечајците и да им овозможи и тие да можат да живеат варем малку пристојно во оваа држава.

Stecajci 07

Само 6.000 денари месечно бараме, за да изиграваме, а не да бидеме нормални граѓани на ова општество. Треба да се престане со уцени, заплашувања, да има демократија, а не да ни делат прекршочни пријави за да не заплашуваат, рече Ѓеоргиевска.

Stecajci 06

Според неа со законот за обештетување на стечајците кој беше донесен пред изборите се опфатени најмногу 1700 стечајци.

-Ќе бидат обештетени, што значи дека не се толку згрижени. Тоа е манипулативен закон, делење на стечајците. Мислам дека е време владата со еден закон да ги реши сите стечајци и да се заврши со оваа работа, рече таа.

Stecajci 05

Ѓеоргиевска посочи дека поддршката што кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски им ја дава со нивното присуство, треба да е пример за сите градоначалници, кои според неа, треба да помогнат барем околу проблемот со комуналиите на стечајците.

Stecajci 04

Ваквото мислење не го делеа од Движењето за социјална правда „Ленка“кои дадоа поддршка на стечајците, но не и на присуството на кумановскиот градоначалник.

Stecajci 01

-Ова е политичка манипулација со стечајците, туку собира поени. Ние од Движењете за социјална правда-Ленка, упатуваме апел владата конечно да ги реши овие проблеми на стечајците. Ова е срамота што дојде и што се појави градоначалникот и ги упропасти сите напори народот да излезе масовно и со ова го направи протестот да биде партиски, рече активист на „Ленка“.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред Собранието

Ана Ололовска

Собранието ќе расправа за законот за стечајци

Ана Ололовска

Средба на Заев со претставници на стечајните работници: Поздравени чекорите на владата низ дијалог да се решат проблемите

Наум Локоски

МТСП: Со законот за стечајци 3.000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на стечајците: Груевски да ни ги врати парите, пола од стечјаците дома немаат струја

Ана Ололовска