Асани: Потпишан договор за изработка на проектот за пругата Кичево – Лин

Од:

Потпишан е договор со конзорциум од шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“ за изведбениот проект и дизајн за изградба на пругата Кичево – Лин, граница со Албанија, дел од Коридорот 8, информира денеска директорот на МЖ Инфраструктура  Ирфан Асани.

Изработката на проектот треба да почне на 15 овој месец, а да биде  завршена за  22 месеци.

Според Асани,  во првата фаза за инфраструктурата ќе се пристапи кон експропријација на земјиштето, а ќе почне и постапката за објавување повик за заинтересираните компании за учество во градежните активности.

За изградбата на пругата Кичево – Лин, во должина од околу 60 километри, според првичните проценки на надлежните институции, се потребни околу 350 милиони евра, а изработката на проектите, според Асани, треба да даде точен износ на инвестицијата.

Кичево-Лин е неизградениот дел од западната железничка траса  на Коридорот 8 кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. На источниот дел од Коридорот 8 во тек се градежни активности за обнова и изградба на пругата  Куманово – Белјаковце. За комплетирање на тој дел е потребна изградба и на делниците Белјаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. Плановите се железничкиот дел од Коридорот 8 да биде завршен до 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски