Рејтинг: 69% центарци со позитивно мислење за Жерновски

Од:

Мнозинството граѓани на Центар се задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски, покажува последното истражувањето на агенцијата Рејтинг. На прашањето „Дали Вашето мислење за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, е позитивно или негативно?“, 69,4% одговориле дека е позитивно,26,4% дека е негативно, а 4,2% биле без одговор. Високи 82% од неопределинете гласачи имаат позитивно мислење за градоначалникот.

Slide 1

Според анкетата, дури 33%, или точно една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, имале позитивно мислење за градоначалникот Жерновски.

Slide 2

На прашањето „Дали сте задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски?“, 57% од испитаниците одговориле дека се задоволни, 35,6% одговориле дека не се задоволни, додека 7,4% од акетираните не дале одговор на ова прашање.

Slide 3

На прашањето: „Дали доколку утре се одржуваат локални избори, градоначалникот Андреј Жерновски заслужува реизбор или не?, 56%од анкетираните одговориле дека заслужува реизбор, 30% рекле дека не заслужува, додека 14% се неопределени односно немаат мислење.

Slide 4

На прашањето „Со оценка од 1 (Слабо) до 5 (Одлично), како го оценувате проектот на општината Центар за субвенционирање на велосипеди за граѓаните? 68% од анкетираните проектот го оцениле со оцена 5 и уште 13,3% со оцена 4. Само 4,3% од граѓаните проектот го оцениле со оцена 1 или 2.

Проектот Боемска Улица, кој наиде на критики од владеачката партија, 53,7% од испитаниците го оцениле со оцена 5 или 4, а 8,5% го оцениле со оцена 1 или 2. 11,9% го оцениле со оцена 3, додека 25,9% од граѓаните рекле дека не се доволно запознаени со проектот за да дадат оцена.

Slide 6

Според општината, ваквите резултати јасно укажуваат на поддршката за реализираните проекти која ја има општината и градоначалникот, но и дека е интересно што гласачите на ВМРО-ДПМНЕ имале доминантно позитивно мислење за овие проекти: така, субвенционирањето велосипеди со оценка 5 или 4 го оцениле дури 77%, а Боемската улица 41% од приврзаниците на владеачката партија.

Slide 7

Истражувањето за потребите на општина Центар било извршено минатиот викенд (4-ти и 5-ти октомври 2014-та) и го реализирала агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 850 испитаници-жители и гласачи на општината. Податоците се собирале по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесувала +/- 3,3%.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории