Тревога во Велика Британија поради еболата

Од:

Во Велика Британија е прогласена тревога поради ширењето на еболата надвор од реонот на Западна Африка, откако владата во Лондон одлучи да се постават специјални скенери за преглед на патниците кои доаѓаат од зоната зафатена со заразата, како и по смртта на Британецот во Македонија.

Вознемирениста во британската јавност, околу човекот кој почина вчера, на скопската Инфективна клиника, само 90 минути откако беше итно префрлен со возило на Брза помош, од хотелот каде тој престојувал, е присутна затоа што тоа би бил прв случај, еден Британец да умре од ебола.

Лондонските медиуми кои на еболата наеднаш и дадоа примарно значење, потиснувјќи ги случувањата во домашната политика и ситуацијата на Блискиот Исток, се занимаат со починатиот пациент, во очекување на резултатите од анализата што за македонските медицински власти се прави една германска специјализирана лабораторија.

Човекот чиј идентитет не се открива, имал 58 години. Тој престојувал од 2 октомври во Скопје, каде допатувал со уште еден Британец на службено патување. Претходно се жалел дека има тешки болки во стомакот, а според лакарите во Скопје тој бил примен во болница со голема треска, повраќање и силно внатрешно крварење. Неговата состојба постојано се влошувала,па 1,5 часа, подоцна човекот починал.

Вториот Британец кој има 72 години, е ставен во карантин, а во излолација се и другите гости во хотелот, како неговиот персонал.

Медиумите во Лондон предупредуваат дека доколку се покаже оти починатиот во Скопје, е жртва на еболата, тогаш тоа би било знак за силна тревога во земјата, затоа што ќе се покаже дека човекот се заразил од некого, или од нешто на територијата на Велика Британија.

Инкубацијата на вирусот на еболата трае до 21 денови, а се посочува дека починатиот Британец не бил во некоја од земјите на Западна Африка, каде заразата се уште не е под контрола, но дека пред „извесно време“ бил во посета на Нигерија.

Британскиот Форин Офис соопшти дека се испитува идентитетот на полинатиот, како и тоа дали тој навистина е британски државјанин.

Медиумите го користат овој случај во анализата околу мерките на британската Влада за да се спречи ширење на еболата во земјата. Се поддржува одлуката за скенирање на патниците кои доаѓаат од реонот на Западна Африка, но дел од медиумите ја обвинуваат Владата дека реагира задоцнето и исплашено.

Засега скенери ќе бидат поставени на двата најголеми аеродроми, Хитроу и Гетвик, како и на лондонската железничка станица на која од Европа пристигнуваат возовите на Евростар.

Професорот Питер Пиот, кој во 1976 година беше дел од тимот кој ја идентификуваше еболата, предупредува дека Европа ќе се соочува со уште повеќе заболени од еболата, додека др. Марк Потер за „Тајмс“ изјави оти еболата „далеку понепријателски ќе удри“ на Западот, отколку во рурална Африка.

Сите се согласуваат дека битката со опасниот вирус и со неговите последици треба да се води, како во болниците, така и таму каде е жариштето на заразата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година