Нико Калабрија е момче што имаше несреќа да се роди само со една нога, но тоа не го спречило да има нормален, среќен и исполнет живот правејќи го она што најмногу го сака, да игра фудбал.
Физичкиот недостаток е беззначајна работа кога срцето е доволно храбро. Тоа го покажа и Нико Калабрија постигнувајќи таков еврогол, на кој би му позавиделе и многу професионалци.
Колку ова момче не познава граници, зборува и податокот дека на 13 години се искачил на врвот Килиманџаро, и како таков е прв што на штаки го освоил 5895 метри високиот врв.
Нико се занимава и со борење, а репрезентативец е на САД во фудбал, за лица со ампутирани екстремитети.