Филе: И помагавме на Украина, не на Јанукович

Од:

Еврокомесарот за проширување во заминување Штефан Филе, за Чешката државна телевизија (ЧТ) изјави дека ситуацијата во Украина е многу сложена и дека ЕУ дури била под сомнеж дека со финансиската поддршка за државата сака да го купи режимот на Виктор Јанукович.

– Не ја финансиравме владата на Виктор Јанукович, туку и помагаме на Украина, а не на една влада, изјави Филе, кој во Европската комисија (ЕК) изминативе 5 години беше одговорен за проширувањето на Унијата.

На прашањето, дали имало некакви грешки при преговорите со поранешниот украински претседател Јанукович за потпишувањето на Договорот за асоцијација со ЕУ, Филе одговара потврдно, јави дописникот на МИА од Прага.

– Грешки имаше и тоа голем број, но важно е дека секогаш игравме фер и дека ние не бевме тие кои во последен момент отстапувавме и остававме некој друг да ја дозаврши работата, рече Филе.

За еврокомесарот не било грешка ослободувањето на 88-те милиони евра пред самитот во Вилнус иако веќе беше јасно дека Јанукович нема да го потпише асоцијативниот договор.

– Тие пари не беа поврзани со некоја одлука на Јанукович и не одат на негова сметка. Тие пари треба да и помогнат на Украина која е суверена држава и ЕУ ќе и помага како и да се одлучи, истакна Филе, потенцирајќи дека нема смисла тврдењето дека ЕУ некого сакала да поткупи пред Самитот.

– Нашата програма за поддршка на Украина не се потпира на тоа како ќе се однесува некој политичар, туку на тоа, земјата на која и се помага да овозможи подобар живот, развој и судска независност, рече Филе.

Филе спомена дека во ЕУ има различни мислења во врска со учеството на чешкиот претседател Милош Земан во Грција, на собир кој беше спонзорирана од Владимир Јакунин, руски олигарх и блисок соработник на претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Секогаш кога некого од нас, кои во ЕУ ја претставуваме Чешка ќе не прашаат за политиката на државата, ние се прашуваме: Кого и чија политика мислите? А тоа е грешка, ние кон нашите партнери би требало да сме транспарентни и предвидливи, смета Филе.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци