Во Индонезија пронајдени пештерски слики стари 40.000 гoдини

Од:

Група експерти од Индонезија и Австралија денеска ги објави резултатите на анализата на пештерски слики пронајдени на островот Сулавеси, поранешен Целебес, со која е утврдено дека пред 40.000 години со човечка рака се направени цртежи видливи и денес.

Пештерските слики, кои водат до сознанијата за првите цивилизациски чекори на човечкиот род се споредуваат со досега најстарите цртежи, пронајдени во пештерата „Ел Кастиљо’’ во Шпанија и неколку пештери во Франција.

Откритието на археолозите, како што е наведено во извештајот за анализата, покажува дека трагите на првите цивилизациски чекори не се само во Европа. На сликите, на кои има цртежи работени покрај 12 дланки има и два мошне добро зачувани цртежи на праисториското животно бабируса, мешавина меѓу прасе и мечка.

Пештерските слики на Сулавеси се откриени во 2005 година, а лоцирањето на времето на нивното настанување пред три години. Употребена е најсофистицирана „уранимска метода’’ за определување на староста.

Поради немање на органски остатоци на пештерските сидови не било можно резултаите да се компарираат и со употреба на од порано познатата метода заснована на јагленород.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска