Жена заразена со ебола: Никој не ми откри дека сум болна, дознав од портали

Од:

Медицинската сестра Тереза Ромеро Рамос (44) од Мадрид за која медиумите пренесуваат дека е заразена со вирусот ебола, тврди дека за својата дијагноза дознала од интернет додека чекала да и се јават од болница.

-Никој не ми кажа ништо. Дознав од својот мобилен телефон додека читав вести на еден шпански портал. Се посомневав дека нешто не е во ред, бидејќи во болницата престанаа да влегуваат во мојата соба- вели Тереза и додава дека не и е јасно како можеле така да постапат со неа.

Таа изјави дека верува дека дошла во контакт со вирусот додека работела во тимот кој го лекувал заразениот свештеник кој дошол од Сијера Леоне, а претпоствува дека се заразила откако со ракавица случајно си го допрела лицето, додека ја соблекувала заштитната облека.

-Ја чистев собата на свештеникот и му помагав. Мислам дека многу бргу ја соблеков заштитната облека и можам да претпоставам дека така сум се заразила- рече Тереза.

Нејзиниот сопруг Хавиер Лимон исто така се наоѓа во карантин заедно со уште три лица во Мадрид.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата