Со Северна Кореја управува сестрата на Ким Џонг Ун?

Од:

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун со месеци не се појавува во јавност, без никакво службено објаснување, поради што постојано се шират нови гласини за причините за неговото изненадно исчезнување.

Покрај шпекулациите дека боледува од гихт, дијабетис па дури и дека имал оперативен зафат на глуждовите, се појави вест дека со Северна Кореја управува неговата помлада сестра Ким Јо Џонг.

Таа од неодамна во државните медиуми се претставува како заменичка на Работничката партија, што е особено висока позиција во државата.

Виктор Ча, аналитичар од Центарот за стратешки и меѓународни студии тврди дека Ким Јо Џонг веќе подолг период се појавува на партиските настани.

Yo-jong Kim Yo-jong1

-Очигледно се работи за обид полека да се изгради во некој кој е важен во внатрешноста на системот. Можно е сега да се наоѓа на некоја привремена позоција, бидејќи е тешко да се управува со севернокорејскиот режим без припадник на династијата Ким. Со оглед на тоа доколку Ким Џонг Ун не е во состојба да ја извршува функцијата, таа е единствена која преостанува од семејството Ким- рече Ча.

Инаку Ким Јо Џонг е родена 1987 или 1988 година, а со својот брат посетувала приватно училиште во Швајцарија, каде што претстојувале во амбасада на Северна Кореја, но додека живееле таму имале лажни имиња.

Јо Џонг е најмлада од седумте деца кои Ким Џонг Ил ги добил со четирите сопруги. Повеќето од нив се полубраќа и полусестри, но Ким Џонг Ун и Ким Јо Џонг имаат иста мајка.

Јо Џонг отсекогаш била блиска со својот татко, а по враќање од Швајцарија била поставена на одговорна функција во владата. Била лидер на инспекциските тимови, кои ги посетувале локациите пред службените државни посети, а имала и административни должности.

Yo-jong Kim Yo-jong

Со оглед на нејзината возраст, аналитичарите се загрижени поради фактот што се наоѓа на една од водечките позиции.

-Доколку таа навистина управува со државата, тоа е загрижувачки. Тоа значи дека нешто сериозно не е во ред со Ким Џонг Ун и дека постои некаква празнина, која очајнички се обидува да ја пополни- тврди аналитичарот.

Се очекува дека мистеријата ќе се разреши или дополнително ќе се продлабочи на 69-годишнината од основањето на Работничката партија. Отсуството на Ким Џонг Ун ќе биде дополнителен доказ дека нешто не е во ред, но доколку сепак се појави, аналитичарите внимателно ќе го проучуваат неговиот изглед, движење и секој негов збор.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт