ВИДЕО: Холандски министер изнесе нови детали за урнатиот малезиски „Боинг 777“

Од:

Холандскиот министер за надворешни работи, Франс Тимерманс изјави дека најмалку еден патник од малезискиот авион, кој беше урнат во Украина, имал маска со кислород на лицето, во моментот кога телото било пронајдено.

Новите детали од истрагата покажуваат дека некои патници на летот МХ-17 биле свесни дека ќе се случи несреќата, пред авионот да биде погоден со проектил земја-воздух, во близина на украинско-руската граница, пренесуваат медиумите.

– Не можеле да видат дека кон авионот е испален проектил, а знаете ли дека некои патници имале маски со кислород на лицата? Значи имале време да го направат тоа- рече Тимерманс во тек на интервју на националната телевизија.

Истражителите неколку недели по несреќата открија дека сите 298 патници и членови на екипажот во „Боингот 777“ кој сообраќаше од Амстердам кон Куала Лумпур, загинале веднаш или останале без свест откако авионот бил погоден со проектилот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa