Претседателскиот кандидат Аерсио Невес води со два проценти пред актуелниот бразилски претседател Дилма Русеф, покажуваат најновите анкети пред вториот круг од претседателските избори во Бразил, закажани за 26 октомври.
Според резултатите од анкетите, Невес има поддршка од 46 проценти од анкетираните, додека Русеф на 44 отсто од испитаниците. Резликата е во рамките на дозволената статистичка грешка.
На првиот круг на претседателските избори, одржани во неделата, Дилма Русеф доби 41,6 процети од гласовите, а Невес 33,6 отсто.