МАНУ ќе одбележи 47 години постоење

Од:

Македонската академија на науките и уметностите ќе одбележи 47 години од основањето (1967-2014). По тој повод ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски и ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.

Добитници се Златко Крамариќ од Хрватска – за посебен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, литература и култура на хрватскиот и поширокиот културен простор, и проф. д-р Ирена Савицка од Полска – за посебен придонес за научни резултати во истражувањето на звучниот систем на македонскиот јазик и неговото место меѓу системите на другите словенски и балкански јазици.

Предавање ќе има и академик Глигор Јовановски, на тема „Кристалографијата од ерата на Лауе и Брег до денешни дни“ и ќе биде отворена Збирка минерали од Република Македонија.

Годишнината ќе биде одбележана и со изложба на подарените портрет-карикатури од Дарко Марковиќ „Луѓето од мојата младост“.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија