А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Покренато обвинение против прилепскиот хирург за земање поткуп

by А1он09/10/2014 - 15:49147
Share0

Прилепското Основно јавно обвинителство покрена обвивение против хирургот- специјалист од градската болница „Борка Талески“ за кривично дело примање поткуп.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информираа од Обвинителството, обвинението е покренато, а за обвинетиот од Основниот суд е побарано да му биде продолжен притворот до 30 дена. Хирургот (61) Миле Н. е во притвор од 8 дена, кој истекува в сабота на 11 октомври.

Минатата недела полицијата го приведен хирургот-специјалист и му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата случајот го пријавила пациентка. Тој побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24.000 денари, како и парични средства во вкупен износ од 12.000 денари во текот на лекарските контроли во февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36.000 денари. Хирургот ја злоупотребил службената положба и побарал пари во повеќе наврати за она што службено морал да го заврши – лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли.

По наредба од Основното јавно обвинителство во Прилеп, полицијата со потврда од пријавениот одзела една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според прилепското обвинителство, судскиот процес против хирурхот-специјалист се очекува да почне кон крајот на месецов.

mvr

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео