Членовите на новата палестинска Влада на национално единство се собираат денеска на прва седница во Газа, која е симболична и има за цел да го одбележи крајот на апсолутното управување на Хамас со Појасот Газа.
Во 2007 година борци на Хамас насилно ги протераа oд Газа приврзаниците на конкурентската палестинска група Фатах на претседателот Махмуд Абас.
За три дена треба да се одржи меѓународна конференција, на која палестинскиот лидер Абас ќе побара од донаторите четири милијарди долари за обнова на Газа по војната меѓу Израел и Хамас ова лето, која заврши на 26 август.
Палестинската Влада на национално единство беше составена пред четири месеци за да го замени двете влади – на Хамас во Газа и на Фатах на Западниот брег.
Израел првично одби да соработува со обединетиот палестински Кабинет поради учеството во него на движењето Хамас, кое Тел Авив го смета за терористичко. Сепак, по конфликтот Израел се согласи да работи со новата влада на Палестинците, во делот на обновата на Газа од последиците на војната.