Инспириран од поезијата на @therealpsmst и неговата книга „Многудетна“, која на сатиричен начин ја опева опседнатоста на македонските власти со размножувањето на Македонците, македонскиот графички дизајнер Небојша Гелевски изработи серија знамиња кои на подеднакво ефектен начин го прават истото што и песните на @therealpsmst – на едноставен, но луциден начин ја исмеваат идејата за штанцање нови македонски даночни обврзници.
По првите неколку знамиња, се раѓа идејата да се изработат и илустраци за книгата „Многудетна“, па сега оваа извонредна серија брои 11 решенија за знамето на Република Многудетна Македонија.
Знамињата беа изложени на промоцијата на книгата која се одржа вчера во клубот „Менада.
Извор: Окно