Бразил и Италија со победа ја почнаа третата фаза од одбојкарскиот Мундијал

Од:

На одбојкарското Светско првенство во Италија почна третата фаза во која до првите победи стигнаа Бразил и Италија.

Бразилките во дуел од Х групата ја совладаа Кина со 3:0, по сетови 25:19, 25:16 и 25:15.

Италија во нешто понеизвесен меч ги победи САД исто така со 3:0, по сетови 25:23, 25:22 и 25:20.

Денеска се играат натпреварите Кина – Доминиканска Република (17:30 часот) од Х групата и САД – Русија (20 часот) од Г групата.

Табела Г група: Италија 3 бода, Русија 0, САД 0.

Табела Х група: Бразил 3 бода, Доминиканска Република 0, Кина 0. 

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ