Хроноисхрана: Да или не?!

Од:

Регулирањето на шеќерот и мастите во крвта се ефектите што се добиваат од хроноисхраната, но сепак ваквиот начин на исхрана има и многу други предности.

Вишокот килограми кои лесно се „лепат“ а тешко се отстрануваат од телото многу често се причина да се заборави на здравиот разум и наместо да се води грижа за здравјето, многу често луѓето се под влијание на желбата да се вратат во добра линија.

Најголема надеж за успешното „топење“ на килограмите најчесто на луѓето им даваат веќе проверените диети, а сите тие, повеќе или помалку, имаат негативно влијание врз различни органи во телото.

За да ја изгубите тежината, сепак, не треба да го ставите на коцка вашето здравје. Всушност, експертите велат дека за да се постигне бараната тежина, најважно е да се воспостави рамнотежа и да се фати ритамот што го диктира телото.

Едноставно кажано, секој човек треба да користи одреден вид на храна во различни периоди од денот, притоа да може нивната енергија да ја искористи максимално, а создавањето на непотребните материи да биде минимално.

Хроноисхраната се темели на моделот на природниот ритам на лачење на хормони и ензими во телото.

„Тоа не е традиционален начин на исхрана, така што не постои веројатност да појави таканаречениот „јо-јо“ ефект“ (враќање на изгубената тежина) – објаснува специјалистот д-р Ана Гифинг.

„Во суштина системот се базира на комбинација на добра храна и елиминирање на продуктите кои можат трајно да го оштетат здравјето. Тоа подразбира индивидуален пристап кон хроноисхраната за секој човек посебно, или забрана за консумирање на храна кон која организнот на индивидуата покажал нетолерантност, според тестот што ќе му биде направен.Овие тестови се многу прецизни и сеопфатни, а немаат врска со диетите што се направени според крвната група, кои впрочем и не се применуваат во цел свет од 2006. година.

Постојат некои општи правила:

1. Шеќери (бел и жолт шеќер, мед, слатки и слично, треба да се избегнуваат најмалку два месеца, ако има вишок или недостаток на тежина, особено ако е присутен дијабетес, рак или артритис).

2. Користењето на бело брашно треба да се сведе на минимум.

3. Не пијте засладени безалкохолни пијалоци.

4 . Избегнувајте овошје со високо количество на шеќер – лубеница, смоква, урма, праска, банани и грозје.

Ако некој имал мозочен удар или срцев напад, дефинитивно треба даги заборави слатките, сладоледот, праските и грозјето. Во овие продукти постојат одредени супстанции кои ги зголемуваат дополнително ризик -факторите за повторен срцев удар или мозочен удар.

Резултатите од хроноисхраната можат да се видат многу брзо.

Во текот на првите седум дена, се намалуваат мастите во стомакот и половината, а зголемувањето на енергијата се чувствува по два три дена. Ефектите се зголемуваат во текот на хроноисхраната се повеќе, а со неа може да се решат многу заболувања (покачен холестерол, шеќер, триглицериди или притисок).

Хроноисхраната се препорачува за секого, не постојат контраиндикации или несакани ефекти. Но, оваа диета мора да се пропише за секој посебно, затоа што само така може да се постигнат големи резултати.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска