Заменик-шериф со симтоми на ебола задржан на лекување во Далас

Од:

Заменикот-шериф на округот Далас е хоспитализиран како превентивна мерка затоа што се разболел со симптоми на ебола, откако претходно бил во контакт со пацнетот заразен со оваа болест Томас Данкан, пренесуваат американските медиуми.

Според локалниот шеф на противпожарната служба Марк Пајланд, заменикот-шериф е задржан на лекување во болница во северниот дел на Далас, откако покажал „доволно симптоми на ебола за прелиминарен детален преглед“.

Болницата соопшти дека примиле пациент што бил во контакт со мажот заболен од ебола во Далас. Федералните здравствени служби информираа дека нема индикации дека мажот имал директен контакт со Данкан, кој почина вчера во болница во Далас.

Службата на окружниот шериф во Далас потврди дека хоспитализираниот маж е заменикот шериф на округот.

Според здравствените служби никој од семејството на правата жртви на ебола во Далас не покажал симптоми и не е заразен со вирусот. Заменикот шериф не е меѓу 48-те. лица, кои ги следат здравствените служби откако имале контакт со Данкан.

Истовремено, во болница во Њујорк вчера бил примен маж со симптоми на ебола, објави весникот „Њујорк пост“. Според весникот, пациентот е 31-годишен жител на Харлем, кој неодамна бил во Нигерија.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев