Со натпреварот Бразил – Кина започна трета, последна фаза по групи на Светското првенство за одбојкарки што се одржува во Италија.
Во натпреварот од групата Х, селекцијата на Бразил славеше победа над Кина со 3:0 по сетови 25:19, 25:16 и 25:15. Покрај овие две селекции во оваа група е и репрезентацијата на Доминиканската Република.
Во групата Г, вечерва од 20 часот ќе играат домаќинот Италија и селекцијата на САД, кои заедно со Русија ќе се борат за првите две позиции што носат пласман во полуфиналето на женскиот одбојкарски мундијал.
Последната групна фаза завршува в петок, по што веќе во сабота ќе се играат дуелите од полуфиналето, а натпреварите за медал на програмата се в недела.