Државјанин на Либерија е првиот пациент во САД со дијагноза на ебола кој почина денеска во болница во Далас.
Ерик Данкан допатувал на 20 септември во Далас во посета на роднини, а се разболел неколку дена подоцна. Лекарите идентификувале десет луѓе кои имале директен контакт со инфицираниот Данкан, меѓу кои и седум здравствени работници. Сите кои биле потенцијално во контакт со него ќе бидат на 21-дневен лекарски надзор.
Американскиот државен секретар Џон Кери по објавувањето на веста за смртта на Данкан упати итен апел до државите да се одговори на епидемијата на ебола истакнувајќи дека се потребни повеќе пари, опрема и персонал.
– Еболата е итна глобална криза која бара итен глобален одговор, изјави Кери.