Велика Британија ќе испрати 750 војници во Сиера Леоне кои ќе помагаат да се изгради центар за лекување болни од ебола.
Според соопштение пренесено од британсики медиуми, тоа било договорено на седница на владина комисија за реакција при кризни ситуации, со која претседаваше премиерот Дејвид Камерон.
Би-Би-Си јави дека британските војници ќе бидат испратени во африканската држава во рамки на меѓународните напори за спречување на ширењето на смртоносниот вирус од кој досега животот го загубија над 3.400 луѓе во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.