Евроамбасадорот Орав му го врачи Извештајот на Иванов

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска го прими евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година.

Како што информира претседателскиот Кабинет, Орав го информирал Иванов за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија.

Според соопштението, Иванов изразил задоволство од потврдената препорака за подготвеноста на Република Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, додавајќи дека Извештајот и оваа година дава објективна слика на сето она што е сработено и постигнато во земјата, како и насоки за предизвиците на кои во наредниот период треба да се посвети државата.

Амбасадорот Орав изразил надеж дека Република Македонија ќе продолжи со реформските процеси и што поскоро ќе ги почне преговорите за членство во Унијата.

Претседателот Иванов, како што е наведено, подвлекол дека европската интеграција е наша стратешка цел и дека е потребно Република Македонија да го добие заслуженото – да ги почне долго очекуваните преговори, кои ќе дадат дополнителен стимул за да се забрзаат реформските процеси во земјата. Тој изрази надеж дека на следниот Европски совет членките на ЕУ позитивно ќе одговорат на препораката од ЕК.

– Моменталната статус кво состојба со македонските евроатлантски интеграции, за која многупати до сега укажував, во голема мера придонесе за наведените оценки во Извештајот на Европската комисија. Република Македонија е прва земја од регионот што го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија, од 2005 година е кандидат за членство, а од 2009 година Комисијата дава препораки за почеток на пристапните преговори. Сметам дека Европскиот совет конечно треба да ги согледа последиците од предолгото чекање и да даде зелено светло за датум за почнување на преговорите, рече Иванов.

Тој истакнал дека сите политички и општествени фактори во земјава е неопходно да се фокусираат кон вложување на дополнителни напори со цел оставарување на реформската агенда.

– Сите заедно, посветено и одговорно да работиме за остварување на нашите стратешки цели. Без оглед на забелешките нотирани во извештајот, наша примарна цел секогаш треба да биде напредокот на Република Македонија, посочил Иванов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина