Во две одвоени сообраќајки во Тетово, повредени две лица

Од:

Шест годишно дете од тетовското село Волковија и шеесет и шест годишна жителка на селото Желино биле удрени од автомобили во два одвоени сообраќајни инциденти што во текот на вчерашниот ден се случиле во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, првата сообраќајка се случила вчера околу 14 часот и 30 минути на улица „ЈНА“ во Тетово при што патничко возило „Цитроен“ со тетовски таблици, управувано од тетовецот И.К(24), налетало и удрило во 6-годишно дете- пешак од Волковија. Со истото возило детето било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната помош било пуштено на домашно лекување.

Втората сообраќајка се случила на улица „Видоја Смилевски-Бато“ вчера попладне околу 19 часот. Патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици што го управувал И.И.(30) од Мала Речица удрило во М.Љ.(66) од Желино.

– Од удирањето жената задобила телесни повреди, по што веднаш била пренесена во тетовската клиничка болница и задржана е за натамошна обсервација, рече Јосифовски.

Полицијата извршила увид на местата од двете сообраќајки и работи на утврдување на причините за несреќите.

Би можело да ве интересира

Најмалку еден загина, неколкумина се повредени во судар на автомобил и автобус во Србија

Горан Наумовски

Еден мртов, двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Кратово

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

25-годишен маж загина во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица