Во Куманово, Струмица, Тетово, Прилеп и Кавадарци од 6 до 12 октомври во организација на Коалицијата на невладини организации СЕГА ќе се реализираат бројни активности „Недела на детето“ во рамките на проектот „Промоција на детските права и интеркултурната комуникација“.
Целта на проектот е да се промовираат правата, кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно и здраво детство.
На Градскиот плоштад во Куманово се одржа „Детско вовче”, кое има за цел развивање на масовен активизам кај децата и заедницата за промовирање на детските права, додека во Струмица под мототото „Да ги вратиме детските игри“ се изведе детски хепенинг со деца на возраст од 8 до 16 години, кои преку игри направиле анкети и собирале податоци за детските права, што ќе бидат испечатени во брошура. Останатите активности ќе се оддржат на 10 октомври во Прилеп и Кавадарци и на 12 октомври во Тетово.
Според Зоран Илиески менаџер на Коалицијата СЕГА детските права континуирано треба да се унапредуваат. – Затоа Коалицијата СЕГА спроведува ралчични активностите кои ги реализира во рамките на „Недела на детето“ и има за цел да ги унапреди положбата и правата на децата и да се укаже за поголема грижа за нив. Грижата за децата треба да биде во сите 365 дена од годината, и треба да се трудиме да им обезбедиме нормално и среќно детство, преку почитување на нивната личност, интереси и права, рече Илиески.