Најмалку двајца загинати во индиско-пакистанската престрелка во Кашмир

Од:

Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во размената на оган меѓу индиската и пакистанската армија во пограничниот дел на Кашмир, соопштија денеска индиски официјални претставници.

Според претставникот на полицијата К. Раџендра, во минофрлачката размена на оган во текот на ноќта на индиска страна биле повредени 18 лица.

– Во моментов имаме многу сериозна ситуација, изјави администраторот на индискиот дел од Кашмир, Шантамну, и додаде дека меѓу луѓето кои живеат во тоа подрачје владее паника.

Индиските власти евакуирале околу 5.000 жилтели од селата од секторот Самба, кое е најжестоко погодено во инидско-пакистанските судири и ги сместија во засолништа.

Засега нема информации за евентуални жртви на пакистанска страна, иако пакистанската државна телевизија денеска јави дека во текот на изминатите три дена во размена на огнот со Индија загинале седум лица.

Пакистански безбедносни претставници потврдија дека во текот на изминатата ноќ двете страни разменувале оган.

Индиски претставници соопштија дека на индиска страна од понеделникот, кога почна меѓусебната претсрелка, загинале седум цивили.

Размената на оган меѓу Индија и Пакистан, која почна во понеделникот, претставува најсериозно прекршување на примирјето кое двете земји го договорија во 2003 година.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете земји имаат претензии на целата негова територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март