Хејди Аган, 32 годишна келнерка и мајка на две деца, работела во ресторан за брза храна. Секојдневно посетителите во ресторанот и велелe дека неверојатно многу потсетува на Војводката Кејт. Дури и нејзината три годишна ќерка кога ја гледала Војводката од Кембриџ, сопругата на принцот Вилија на телевизија или во весниците, постојано мислеле дека тоа е нејзината мајка. Хејди одлучила да ја напушти својата работа и да заработува како двојничка на идната кралица.
Таа дури и се запишала на академија за двојници, каде добила совети како треба да се движи и какво држење ан телото треба да има за сличноста помеѓу неа и војводката да биде уште поголема. Сличноста сега ја пренела и во својот гардеробер. Таму може да се најде и синиот фустан од марката Иса, кој принцезата го носеше на објавата за веридба со принцот Вилијам, но и слични аксесоари и чевли, како оние на Војводтката од Кембриџ. Сепак Хејди нема да ги следи стапклите на принцезата и да се слика топлес.
Но Хејди не е единствената, која се обидува да заработи на база на тоа дека премногу личи на принцезата. И 22 годишната Кејт Беван, ја напуштила својата работа како фармацевт и сега работи како двојничка на принцезата.
Кејт признава дека дента пред кралската свадба заработила дури 3 илјади фунти, појавуивајќи се на настани и телевизиски станици, емитирајќи ја својата двојничка и имењачка.