(ВИДЕО) Жерновски: Несериозна е изјавата на Коце Трајановски дека постои договор за фасадите

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски реагираше на вчерашното соопштение од Град Скопје, во кое градот излезе со став дека тие се оние кои треба да ги реконструираат предните фасади, а општина Центар и Жерновски – задните фасади.

Град Скопје вчера тврдеше дека ова е согласно договорот со претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ.

„Се обидов сериозно да ја разберам несериозната изјава на градоначалникот на Град Скопје. Пишан документ дека има некаков договор градот да ги прави предните делови од фасадите, а ние задните и дека тоа било договорено со претходниот градоначалник Тодоровиќ – нема. Се работи за усмен договор и како таков – не може да важи“, изјави Жерновски.

Општина Центар, рече тој, не ги дели фасадите на предни и задни, само целосно реконструирање од сите страни ќе значи дека е постигната енергетска ефикасност. Жерновски прашан дали би излегол во пресрет и на други станари доколку не сакаат барок фасади само од предната страна, рече дека ќе одговори во согласност со средставата што ги има Центар.

„Општина Центар има разбирање за се’ што може да исполни, а што е барање на граѓаните. Јас би сакал финансиски да парирам на Град Скопје, или преведено – на државата. Нема логика фасадите да се реновираат само од предната страна, но доколку сакаат – тогаш општина Центар ќе ги реновира предните, а градот може да ги реновира задните страни од фасадите“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните