Осум сообраќајки во Скопје за 24 часа

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца патници во автобус.

Случена е и една незгода со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, шест возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „Срничка“, објект „Калинка“ и Изворче“ кои се наоѓаат на територијата на општина Аеродром.

За денеска има најава за вонреден настан. Со почеток во 20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен натпревар во кошарка помеѓу КК МЗТ од Скопје и КК Задар од Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски