Големите партии во Бразил губат на изборите за Конгресто на сметка на десетици помали

Од:

Големите политички партии во Бразил губат на изборите за Конгресот на сметка на десетици помали формации, што за идниот претседател претставува тешка задача за формирање стабилна коалиција, која е потребна за спроведување на економските реформи и контрола на владините трошоци.

Бројот на партиите што ќе бидат заставени во идниот Парламент се зголемил од 22 на 28, покажуваат се уште неофицијалните резултати од изборите одржани во неделата.

Ниту една од партиите нема да има повеќе од 70 места во Долниот дом, кој го сочинуваат 513 пратеници. Тоа се однесува дури и за двете најголеми партии, кои се борат за претседателската функција, Работничката партија на Дилма Русеф и центристичката Социјалдемократска партија на нејзиниот противкандидат во вториот круг Аесио Невиш.

Кој и да победи од нив двајца во вториот круг од претседателските избори на 26 октомври, нема да располага со стабилно мнозинство во Конгресот и ќе мораат да водат сложени преговори со десетици партии за да ја обезбедат нивната поддршка, сметаат експерти.

Партијата на Русеф загуби 18 места и ќе има само 70 во Долниот дом, што е најслаб резултат откако е на власт во 2003 година. Бразилското демократско движење, кое ја поддржува Русеф, е втора политичка сила со 66 конгресмени, што е петмина помалку од досегашните.

Социјалдемократите освоија 10 места повеќе и ќе располагаат со 54 пратеници.

Во составот на Сенатот нема сериозни промени, бидејќи само една третина од местата се обновени. Трите најголеми партии и понатаму ги задржаа позициите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск