Турција ќе се вклучи во коалицијата против џихадистичката група „Исламска држава“ единствено ако во Сирија да бидат создадени зони забранети за летање и зони за безбедност, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Давутоглу изјавил дека ако стратегијата на САД го вклучува и соборувањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, Турција би можела да испрати во Сирија копнени сили. Тој предупредил дека ако не биде запрен режимот на Асад, заканата од „Исламска држава“ ќе се зголеми уште повеќе.
Премиерот истакнал дека Анкара очекува две нешта од САД – да бидат праведни и да покажат разбирање.
– И САД имаат долга граница со Мексико. Лесно ли е такви граници целосно да се контролираат, истакнал Давутоглу.