Реакција на Град Скопје на тврдењата на градоначалникот на општина Центар

Од:

„Градот Скопје реагира на невистините и паушалните информации изнесени денеска во јавноста од градоначалникот на општината Центар, Андреј Жерновски, реагираат од Град Скопје.

Градот Скопје сака да нагласи дека проектот за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје е почнат пред неколку години кога градоначалник на општината Центар беше Владимир Тодоровиќ. Уште на почетокот на овој проект беше договорено Градот Скопје да го обнови предниот дел на фасадите, а Општината Центар да ја обнови задната страна.

Особено сакаме да го потсетиме градоначалникот Жерновски,  општината Центар и да нагласиме  пред јавноста дека сите фасади кои ги реконструира Градот Скопје се енергетски ефикасни и ги задоволуваат стандардите за енергетска ефикасност.

Зошто општината Центар, откако Жерновски е на градоначалничката функција, не го прифаќа тој договор и не ја продолжува реконструкцијата на задните страни од реконструираните фасади,  не  знаеме да одговориме.

Писмата што изминативе неколку дена се испраќаат до сите станари во неколку згради во центарот е со цел сите станари да бидат информирани за проектот за реконструкција на фасадата од нивната зграда и не претставува никаков притисок врз нив.

Истото писмо е испратено со цел сите станари во зградите да го искажат своето мислење за предложената реконструкција на фасадата.

Според наши информаци, во одредени згради има станари кои воопшто не биле прашани за потребата од рекоинструкција на фасадата.

Сакаме да му предочиме на градоначлникот Андреј Жерновски дека доколку тој сака да реконструира фасади, во општината Центар има доволно објекти на кои им е потребна реконструкција. Или, доколку сака, може да ги реконструира задните страни од фасадите што веќе ги обнови Градот Скопје и да  го исполни својот дел од договорот“, се вели во реакцијата на Град Скопје на најавата на градоначалникот Андреј Жерновски дека Центар ќе им излезе во пресрет на жителите за енергетска наместо барокна фасада.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град