Викендот 42 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 42 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 3 октомври, извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци, двајца велосипедисти, еден мотоциклист и еден патник во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата, на 4 октомври, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко моторно возило и еден возач на мопед.

Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во недела, 5 октомври, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, осум сопатници и еден пешак.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко  моторно возило.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 41 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 21 возач коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 13 возачи кои извршиле непрописно престигнување.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи работилница во основното училиште „Александар Македонски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

На автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишен возач од Свети Николе

Момче и девојка повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар