Шпански археолози тврдат дека пронашле една од најстарите слики на Исус Христос, на која тој нема брада. Фигурата на Божјиот син е нацртана на стаклена чинија, која датира од 4-от век, а тој во рацете држи крст и е во придружба на двајца апостоли, за кои се верува дека се Свети Петар и Павле.
Сликата е невообичаена бидејќи Исус е претставен без брада, со кратка вртена коса што е сосема поинаку од останатите записи за него.
Се верува дека чинијата на која сите три лика имаат ореол на главата е користена како сад за еухаристиски леб, кој бил посветен во најраните христијански ритуали.
Чинијата е со дијаметар од 22 сантиметри, а нејзините делови ги откриле археолози кои работата на проектот „FORVM MMX“ во внатрешноста на религиските згради во древниот андалузијски град Кастуло, на југ на Шпанија.
Маркело Кастро кој го води проектот вели дека зградата каде што е пронајдена чинијата датира од втората половвина на 4-от век и дека по сто години била напуштена.
Е. Г.