Девет цивили беа убиени во артилериска и минофрлачка престрелка меѓу индиски и пакистански војници во спорната хималајска област Кашмир, соопштија официјални извори.
Во инцидентот се ранети 35 лица од индиската страна на границата и тројца од пакистанската.
Десетици илјади локални жители избегале од своите домови.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за тоа кој прв отворил оган.
Откако стекнаа независноста од Велика Британија во 1947 година, Индија и Пакистан контролираат дел од Кашмир. Секоја од двете страни, меѓутоа, има претензии врз целата област.