Шпион: 15 години затвор за Ефремов, за Стојков девет, 3 години за Ване Цветанов

Од:

Сите обвинети во процесот „Шпион“ добија затворски казни-од условна и една година затвор, до три години за Ване Цветанов и 15 години за првообвинетиот Марјан Ефремов. Тој од Обвинителството беше прогласен за главен на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, но и уценувала и вршела изнуди. На Ефремов му беа досудени 15 години затвор поради неколку кривични дела : злосторничко здружување, шпионажа, уцена, изнудување и прикравање.

Георги Хаџи Мицев доби казна од една година затвор, а Слободан Милошевски, кој пред судот призна дека е виновен помина со условна казна. На поранешниот генерал Горан Стојков судот му одреди 9 години затворска казна за изнуда, недозволено држење оружје и злосторничко здружување.

Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување перење пари за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба доби три години затвор. Поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Марјан Маџовски е осуден на една и пол година затвор за злоупотреба на службената положба и уцена.

Тој, Ване Цветанов и уште тројца до правосилноста на пресудата ќе бидат на слобода, со оглед дека судот им го укина притворот.

Би можело да ве интересира

Хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград „заработи“ 30 дена притвор

Горан Наумовски

Во Србија уапсен хрватски шпион

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении