Бразилската претседателка Дилма Русеф, која е кандидат на Работничката партија, во вториот круг на претседателските избори ќе се соочи со социјалдемократот Аесио Невеш, покажуваат прелиминарните резултати од вчерашното гласање во Бразил.
Според резултатите од изборите, Русеф освоила 40,36 проценти од гласовите, а Невеш 35,23 отсто од гласовите.
На трето место е активистката за заштита на животната средина и кандидат на социјалистите Марина Силва, кој се сметаше за главен противкандидат на Дилма Русеф, со 20,79 проценти од гласовите.
Вториот круг од изборите ќе се одржи на 26 октомври. Во Бразил право на глас имаат 142 милиони луѓе.